Search

Ле Дриан: Трамп да не се меша во внатрешната политика на Франција

Шефот на француската дипломатија Жан-Ив ле Дриан го повика претседателот на САД, Доналд Трамп, да не се меша во француските внатрешни прашања.

Изјавата следува по низата коментари на Трамп на „Твитер“ за движењето „Жолти елеци“.

„Му порачувам на Доналд Трамп и го молам претседателот на Републиката да му каже: ние не учествуваме во американски дебати, оставете нè да живееме свој живот. Не се занимаваме со американските внатрешни прашања и очекуваме ист однос“, рече тој.

„Протести и нереди ширум Франција. Скандираат ‘Го сакаме Трамп’. Ја обожавам Франција“, напиша вчера Трамп.

Ле Дриан ја оспори вистинитоста за тврдењето за поддршката на Трамп на протестите.

„Колку што знам ‘Жолтите елеци’ не протестираа на англиски и да ви ја кажам вистината, снимките емитувани во САД на кои луѓето викаат ‘Го сакаме Трамп’ се снимени во Лондон во текот на посетата на Трамп пред неколку месеци“, наведе францускиот министер.

Треба да знаете
Последни објави