Search

ЛЕ: Адеми асистент во победата на Динамо Загреб, Ѕвезда го преслуша Гент

Екипите на Динамо Загреб и Црвена Ѕвезда, забележаа гостински победи, совладувајќи ги Волфсбергер односно Гент. Хрватскиот клуб славеше со 3-0, додека белградските „црвено бели“ победија со 2-0.

Во триуфмот на Динамо Загреб учествуваше и Аријан Адеми кој успешно асистираше до својот соиграч Петковиќ за водство 2-0. Црвена Ѕвезда победата во Белгија, против составот на Гент ја обезбеди со гол во 2-та и 54-та минута.

Динамо Загреб и Црвена Ѕвезда се на добар пат да обезбедат една од двете позиции на табелата, кои гарантираат европските натпревари и на пролет.

  • Резултати:

АЕК – Зорија 0-3

Брага – Лестер 3-3

ЦСКА Москва – Феенорд 0-0

ЦСКА Софија – Јанг Бојс 0-1

Гент – Црвена Ѕвезда 0-2

ЛАСК – Антвертпен 0-2

Либерец – Хофенхајм 0-2

Лил – Милан 1-1

Макаби Тел Авив – Виљареал 1-1

Молде – Арсенал 0-3

Карабах – Сиваспорт 2-3

Спарта Прага – Селтик 4-1

Волфсбергер – Динамо Загреб 0-3

Треба да знаете
Последни објави