Search

Лејкерс ќе го враќа Хауард поради повредата на Казнс

Раководството на Лос Анџелес Лејкерс наскоро ќе бара дозвола за преговори со центарот Двајт Хауард, објави веб-страницата „Атлетик”. Хауард (33), поранешен играч на „езерџиите”, во моментов е дел од составот на Мемфис Гризлис, но тимот од Тенеси веројатно нема да ги користи неговите услуги оваа сезона.

Во исто време, раководството на Лејкерси очајно бара нов центар, откако стана јасно дека Демаркус Казнс, кој беше привлечен претходно ова лето, ги скинал лигаментите и ќе биде аут за целата сезона. Според „Атлетик”, Хауард е главна опција, но доколку преговорите не успеат, тимот ќе се обиде да привлече друг ветеран – Јоаким Ноа.

Двајт Хауард играше за Лос Анџелес Лејкерс во сезоната 2012/13. Во својата кариера, Хауард беше осумкратен играч во Натпреварот на ѕвездите, има просек од 17,4 поени и 12,7 скока по натпревар.

Треба да знаете
Последни објави