Search

Лејкерс го декласираа Кливленд

Лос Анџелес лејкерс забележаа победа против Кливленд кавалирс со 29 разлика (128:99) во натпреавр од кошаркарската НБА-лига. Оваа меч помина во знак на Леброн Џејмс кој го пропушти претходниот дуел поради настинка. Првата ѕвезда на Лејкерс во триумфот над Кливленд учествуваше со 31 поен, осум асистенции и два скока.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта меѓу понеделник и вторник:
Детроит – Њу Орлеанс 110:117 (по продолжение)
Индијана – Филаделфија 101:95
Бостон – Чикаго 113:101
Минесота – оклахома Сити 104:117
Портланд – Шарлот 115:112
Сакраменто – Орландо 112:114
ЛА лејкерс – Кливленд 128:99.

По 40 одиграни натпревари Лејкерс е најуспешен тим во Западната конференција со 33 победи и седум порази. На Исток води Милвоки бакс со биланс 35 победи и шест порази.

Треба да знаете
Последни објави