Search

Лејкерси подобри од Бостон за еден кош

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс обезбеди победа над Бостон Селтикс од 114-112 во дербито во НБА лигата. „Езерџиите“ беа решени да му вратат на Бостон за јануарскиот пораз во „Ти-Ди Гарден“ од 139-107 и таа зацртана цел успеаа да ја остварат иако мораа добро да се испотат за славјето во „Стејплс Центар“.

Домаќините немаа решение за брилијантниот Тејтум кој им уфрли 41 поен, но имаа свои адути па така дуото Џејмс-Дејвис искомбинира 61 поен, 21 скок и 12 асистенции со што беше најзаслужно за триумфот број 43 во актуелнава кампања. Сега Лејкерс и Бостон се израмнети во меѓусебните дуели со тоа што „езерџиите“ се на првото место на Западот, додека „келтите“ се трети на Истокот.

Торонто репторс поставија нов клупски рекорд совладувајќи ја Индијана со разлика од 46 поени (127:81). Ова е најголемата победа во клупската историја на актуелниот НБА шампион.

Претходниот рекорд изнесуваше 44 поени и беше поставен на натпреварот против Атланта на 3 декември 2016 година.

Ова е четврти натпревар во историјата на Торонто на кој канадскиот тим го совлада противникот со разлика од 40 или повеќе поени.

Важна победа во борба за плеј-офот оствари Портланд кој предводен одМекколум и Ентони го победи Детроит со 107:104. Во неизвесна завршница прашањето на победникот го реши Ентони кој на 20 секунди пред крајот погоди за 105:101. Искусниот кошаркар натпреварот го заврши со 32 поени. Мекколум додаде 41.

Денвер славеше кај Минесота со 128:116. Српскиот кошаркар Никола Јокиќодигра одличен натпревар со учинок од 24 поени, 7 скокови и 6 асистенции. Најефикасен кај Денвер беше Милисап со поен повеќе.

Чикаго – Вашингтон 126:117
Оклахома – Сан Антонио 131:103
Голден Стејт – Њу Орлеанс 101:115

Треба да знаете
Последни објави