Search

Лејкерси го добија дербито на Западот против Хјустон

Лос Анџелес Лејкерс синоќа запишаа победа во дербито на Западната конференција. „Езерџиите” ги победија „ракетите” од Хјустон со 124: 115, иако заостануваа со 6 поени на паузата, но успеаја да направат пресврт по 32:17 во третата четвртина.

Тимот од Калифорнија покажаа цврста одбрана, принудувајќи го противникот да промаши 14 од првите 16 удари во третата четвртина.

Леброн Џејмс, кој заврши со 31 поен и 12 асистенции, имаше главен придонес за пресвртот. Кајл Кузма додаде 23 поени, додека Дани Грин и Кентавиус Калдвел-Поуп завршија со по 20.

За Хјустон, ѕвездите Расел Вестбрук со 35 поени и Џејмс Харден со 34 беа најефикасн, но тоа не беше доволно за победа на домашен терен.

Резултати од НБА

Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 130: 133
Бруклин – Милвоки 97: 117
Бостон – Феникс 119: 123
Атланта – Детроит 103: 136
Њујорк – Филаделфија 87:90
Чикаго – Кливленд 118:116
Минесота – Торонто 112:122
Хјустон – ЛА Лејкерс 115:124
Голден Стејт – Орландо 109: 95
Оклахома – Портланд 119: 106
Јута – Сакраменто 123: 101.

Треба да знаете
Последни објави