Search

Лејди Гага ќе учествува во добротворен онлајн концерт за помош на луѓето во време на пандемија

Американската поп ѕвезда Лејди Гага ја користи својата моќ во борбата за искоренување на коронавирусот, пренесуваат светските медиуми.

Суперѕвездата, вистински феномен во поп музиката, го стави својот потпис за учество во добротворен онлајн концерт чиј домаќин ќе биде Елтон Џон. Концертот, кој е закажан за недела, 29 март, има за цел да се соберат пари кои ќе помогнат во справувањето со пандемијата.

Таа, исто така, ја контактираше Светската здравствена организација за да разговара за начините со кои таа може да им помогне на луѓето кои се борат со пандемијата низ целиот свет.

Гага им се придружува на Елен Деџенерис, Мелиса Мекарти и Кен Џонг за концертот iHeart Living Room Concert For America.

Музичкиот настан ќе донесе забава и ќе обезбеди финасиска поддршка за Американците во борбата против ширењето на вирусот Ковид-19.

На листата на изведувачи се наоѓаат Алиша Кис, Дејв Грол, Били Ејлиш, Били Џое Амстронг од Грин деј, Мараја Кери, Сем Смит, Тим Мекгро, Бекстрит бојс, и Камила Кабело.

Концертот ќе се емитува во недела, 29 март со почеток во 18:00 на Fox („Фокс“) и ќе се пренесува на радио станиците iHeartMedia и апликацијата iHeartRadio.

 

Треба да знаете
Последни објави