Search

Лејди Гага ја чува кошулата на Бредли Купер

За време на снимањето на филмот „Ѕвездата е родена”, меѓу Лејди Гага и Бредли Купер се појавила невообичаена хемија, а пејачката објасни зошто ја зела кошулата на актерот.

Лејди Гага во интервју за „Варијати“ откри дека ја чува кошулата што Бредли Купер ја носеше во филмот „Ѕвездата е родена”, но исто така зела уште неколку дребулии.

Неговиот лик, Џексон Мејн, во неколку сцени носи бежова кошула што на крајот ја наследува Али, ликот што го игра Гага. Токму тоа парче облека од снимањето Лејди Гага одлучи да го однесе дома.

Сакав со себе да понесам дел од него”, рече таа во интервјуто за „Варијати“. Лејди Гага позираше за насловната страница на ова списание во таа кошула.

Од сетот понесе и други работи како книга за белешки во која Али ги запишуваше песните, како и гелот за туширање „Мистер Бабл“ кој се појавува за време на сцената во кадата.

Треба да знаете
Последни објави