Search

Лејди Гага покрај Бред Пит во акционен трилер

Лејди Гага, наводно, потпишала договор за да се приклучи на актерската екипа на Bullet Train („Воз-куршум“), напнат трилер со многу акција базиран на јапонски роман мистерија, а во кој ќе глуми и Бред Пит.

Во 2019 година, 34-годишната пејачка беше номинирана за „Оскар“ за најдобра актерка за улогата во римејкот на A Star Is Born („Ѕвездата е родена“) во режија на Бредли Купер. Гага е првата ѕвезда која во иста година беше номинирана за најдобра актерка и за најдобра оригинална песна.

Сега русокосата бомба се враќа на големото платно во филм што ќе го режира Дејвид Лич, објави „Колидер“ во четвртокот.

Веста дека Гага ќе биде дел од актерската екипа излезе во јавност еден ден откако „Холивуд репортер“ објави дека Мајкл Шенон ќе глуми во филмот.

Bullet Train е адаптација на романот „Марија Буба“ од Котаро Исака, а филмот очигледно ќе го задржи јапонскиот амбиент на книгата.

Како што сугерира неговиот наслов, сторијата е сместена во воз во кој патуваат пет платени убијци со мистериозно испреплетени цели.

Бред игра платен убиец со прекар Бубамара, но сè уште не е познато кој е ликот на Гага, пренесува „Колидер“.

Треба да знаете
Последни објави