Search

Лејди Гага повторно контактира со поранешниот вереник Кристијан Карино но како пријатели

Речиси 10 месеци  по откажувањето на веридбата, Лејди Гага и нејзиниот поранешен вереник, агент за таленти Кристијан Карино почнаа да разговараат меѓу себе.

Извор за американскиот таблоид US Weekly тврди дека Гага (33) и Карино (50) повторно зборуваат, “но како пријатели“, нагласи изворот.

Гага и Карино објавија веридба во октомври 2018 година, откако прв пат се сретнаа во почетокот на 2017 година, но тие ја поништија веридбата во февруари годинава.

Истиот извор додаде дека Гага во моментов нема сериозна врска по разделбата со Карино.

Гласините за нивната разделба започнаа да се вртат во февруари откако таа беше видена на доделувањето на Греми наградите без нејзиниот розов веренички  прстен.

Во меѓувреме, Гага беше во врска со Дан Хортон три месеци, но во октомври таа на Инстаграм објави дека е „сингл лејди“.

Карино почна да се дружи со публицистката Робин Баум во август, шест месеци по разделбата од славната поп ѕвезда.

Треба да знаете
Последни објави