Search

Лејди Гага на „Оскарите“ носеше ѓердан од 30 милиони долари

Пејачката Лејди Гага вчеравечер на доделувањето на „Оскарите“ го носеше најскапиот накит што некогаш некој го носел на некое доделување на награди во Холивуд.

Таа носеше раскошен ѓердан кој вреди 30 милиони долари. Ѓерданот од 128.54 карати е дело на модната куќа „Тифани“, а многумина велат дека ова парче накит успеа да ги засени сите аксесоари на црвениот килим.

Ѓерданот е посебен и уникатен затоа што го има еден од најголемите жолти дијаманти во светот. Ова е и првпат толку скапоцен накит да се прикаже на доделување на награди во Холивуд.

Дијамантот последен пат го носела Одри Хепберн во 1961 година за време на турнејата за промоција на филмот „Појадок кај Тифани“.

Лејди Гага освои Оскар во категоријата најдобра оригинална песна за Shallow од филмот „A star is born“.

Треба да знаете
Последни објави