Search

Лејди Гага го откри името на својот нов албум

Познатата пејачка Лејди Гага (33) откри дека ќе го именува својот нов албум по британската пејачка Адел.

Гага преку „Твитер“ ги извести своите 79,5 милиони следбеници дека албумот ќе го носи името Адел, што многумина ги одушеви и предизвика низа коментари.

„Следниот албум ќе го наречам Адел“, напиша Гага на својот твит и доби повеќе од 392.000 лајка.

Гага и Адел никогаш не соработувале, но се фотографираа заедно зад сцената на доделувањето на наградите „Греми“ во 2017 година. Исто така, познато е дека овие две пејачки немале несогласувања и дека меѓусебно многу се почитуваат.

Треба да знаете
Последни објави