Search

Летачки такси ќе зујат на небото над Мелбурн

Такси-гигантот „ Убер“ планира да започне проби со своите летачки автомобили следната година во Мелбурн, Австралија. Мелбурн е третиот град ставен под знамето на „Убер“ за новата такси служба која работи на создавање на прва светска мрежа за воздушно такси, пренесува РТ.

Еден од најнаселените градови во Австралија ќе стане првиот меѓународен пазар за „Убее ер“, победувајќи ги градовите во Бразил, Франција, Индија и Јапонија за да им се приклучи на Далас и Лос Анџелес како пилот- локација за проектот. Тест-летовите се закажани за 2020 година, а комерцијалните операции ќе започнат во 2023 година.

„Сакаме да им овозможиме на луѓето да притиснат копче и да добијат лет”, рече Ерик Алисон, глобален шеф на „Убер елевејт“ во средата.

Воздушната маршрута ќе покрива 19 км од централниот деловен округ (CBD) до аеродромот во Мелбурн и ќе трае околу 10 минути наместо вообичаеното патување кое трае од 25 минути до околу еден час. Летот, наводно, се очекува да чини помалку од 90 долари, приближно исто како патувањето во луксузен автомобил „Убер блек“.

Воздушната такси услуга треба да биде лансирана дури и порано од долгоочекуваната железничка врска до аеродромот во Мелбурн која ќе го поврзе центарот на градот со аеродромот до 2031 година.

Проектот „Убер ер“ наведува дека граѓаните ќе користат специјално летало за вертикален полет и слетување (VTOL), кое може да патува меѓу „воздуѓните постојки“ кои ќе можат да се справат со 1.000 слетувања на час. Компанијата работи со пет производители на авиони, вклучувајќи го и „Боинг”, за да го дизајнираат авионот за идните возења.

Сепак, „Убер“ може да се соочи со некои пречки за да ја отпочне иницијативата, сметаат некои аналитичари. На пример, недостигот од соодветни регулативи, добивање потврда за безбедност и одобрување за воздушните рути како и изградба на инфраструктура за проектот.

„Не би сакал да сме во позиција во која ќе ги повториме проблемите со копнените возила на „Убер“ бидејќи владите не се соодветно подготвени за оваа технологија и не работат проактивно со овие компании за да се осигураме дека можеме да имаме корист од оваа технологија, аи да не завршиме во ситуација на апсолутен хаос “, изјави Џејк Вајтхед, истражувач на Универзитетот во Квинсленд, за Еј-би-си.

Треба да знаете
Последни објави