Search

Лестер го потопи Сити во Манчестер, хет-трик на Варди! (ВИДЕО)

Манчестер Сити доживеа тежок пораз од Лестер кој го победи фаворитот со фантастични 5-2, Џејми Варди по втор пат постигна хет-трик против тимот на Пеп Гвардиола.

Шоу на Варди и Лестер во Манчестер, тимот на Брендан Роџерс има фантастичен старт во Премиерлигата со три победи од три натпревари.

Натпреварот почна одлично за Манчестер Сити, со убав гол на Махрез во четвртата минута поведоа со 1-0 и ништо не наговестуваше дека ќе се случи изненадување.

Но во продолжението следуваа три голови на Џејми Варди, во 37. од пенал изедначи на 1-1, во 54. минута постигна фантастичен погодок со пета за 2-1, а четири минути подоцна реализираше повторо од пенал за 3-1.

Следуваше мајсторски гол на Медисон за 4-1, Манчестер Сити преку Аке во 84. минута намали на 4-2, но во 88. минута Тилеманс погоди за победа на Лестер од 5-2.

Одбраната на Манчестер Сити се покажа во очајно ниво, сите освен Аке направија наивни прекршоци за пенал.

 

Треба да знаете
Последни објави