Search

Лестер го испрати Манчестер јунајтед со четири гола во мрежата

Лестер го совлада Манчестер јунајтед (4:2) во натпреавр од 8. коло во англиската фидбалска Премиер лига.

Гостите од „Олд Трафорд“  водеа со голот на Гринву од 19 минута, но домаќините израмнија преку Тилеманс после половина час игра на „Кинг Пауер“ стадионот.

Тој резултат беше актуелен се до 78 минута кога Сојунчу реализираше за пресврт и водство на Лестер од 2-1. Во 82 минута Рашфорд изедначи на 2-2, но во следниот напад Лестер преку Варди пак дојде во водството, овој пат од 3-2.

Конечните 4:2 беа дело на Дака во последната минута од мечот.

Треба да знаете
Последни објави