Search

Лесна победа на Ѓоковиќ против Беретини

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Матео Беретини со 6:2, 6:1 во првиот натпревар од завршниот Мастерс турнир на осумте најдобри тенисери на светот, кој се игра во Лондон.

Србинот загуби само три гејма во дуелот со Италијанецот, а средбата траеше само 63 минути.

На Ѓоковиќ му треба најмалку пласман во финалето во Лондон, ако сака да си го врати првото место на АТП листата, на кое во моментов се наоѓа Рафаел Надал.

Во вториот денешен натпревар, вечерва, третиот носител Роџер Федерер за ривал го има Доминик Тим, додека утре се играат дуелите од другата група. 

Треба да знаете
Последни објави