Search

Леопард грабна бебе од собата и го растргна во шумата во Индија

Момче кое имало само девет месеци го нападна леопард додека спиел во креветот покрај своите родители. Ова се случи во западна Индија, во селото Гадбори.

Малиот Сварај Гурнуле настрадал откако ѕверот влегол во спалната соба и потоа го растргнал момчето. Родителите не слушнале ништо, и кога следното утро се разбудиле, сфатиле дека го нема бебето и веднаш ја повикале полицијата.

Момчето беше пронајдено истиот ден, два километри од нивниот дом.

„Леопардот се прикрал во нивниот дом, го грабнал детето и избегал со него во шумата во близина на селото. Успеавме да пронајдеме само неколку остатоци од детето два километри од дома“,изјави полицаецот Шарад Авара.

Деветмесечното бебе беше погребано во селото истиот ден.

Поради овој ужасен напад, властите поставија камери во селото, надевајќи се дека ќе го снимат и ќе го фатат ѕверот.

Треба да знаете
Последни објави