Search

Леонардо ди Каприо ја фотографира својата девојка во Кан

Папараците го фатија актерот Леонардо ди Каприо (44) како во Кан ја фотографира својата девојка Камила Морон (21) пред Hotel du Cap Eden Roc во Антиб, каде што престојуваат сите познати за време на филмскиот фестивал. Моделот позира боса во долг бел фустан со туфни. Потоа се упатија на вечера во скап ресторан на брегот.

Морони е во Кан поради филмот Mickey and the Bear, а актерот беше таму за да ги промовира својот документарен филм And We Go Green и улогата во „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино (56), со Бред Пит (55 ) и Марго Роби (28).

https://www.instagram.com/p/Bxs2a2HnuvN/?utm_source=ig_embed

Двојката се запознала преку актерот Ал Пачино (79) бидејќи моделот е ќерка на неговата долгогодишна партнерка, актерката Лусил Сол (43). Камила е од Леонардо помлада 23 години, а обожавателите на актерот се шегуваат на социјалните мрежи дека таа е родена во 1997 година и имала пет месеци кога култниот филм на Ди Каприо, „Титаник“, бил премиерно прикажан во Америка.

Оскаровецот е познат како холивудски ерген и заводник, а многу жени се најдоа во неговата прегратка, главно Викториините ангели. Тој беше во врска со Жизел Бундшен (38), Бар Рефаели (33), Наоми Кембел (48), Хелен Кристенсен (50), Ева Херцигова (46) и многу други.

Треба да знаете
Последни објави