Search

Леонардо ди Каприо мора да го врати Оскарот

За Оскарот на Леонардо ди Каприо се зборува со години бидејќи е актер со најмногу номинации, а Оскарот го доби – само еднаш. Затоа неговите фанови ги растажи веста дека ќе мора да ја врати вредната статуетка. Меѓутоа, тоа не е Оскарот за филмот The Revenant, туку статуетката Оскар што му припаѓа на Марлон Брандо, а која актерот ја доби на подарок од малезискиот бизнисмен Џо Лоу, кој во меѓувреме беше обвинет за злоупотреба на инвестициски фондови. Тој, исто така, од него доби слика на Пабло Пикасо и колаж на Жан Мишел Баскет.

Интересно е што Оскарот на Брандо исчезна од неговиот дом во Холивуд, за подоцна да го купи Лоу за 600.000 евра од еден дилер. Иако се случи пред една година, деталите за овој скандал излегоа во јавноста кога „Њујорк тајмс“ ја објави приказната за Лоу, финансиер на филмот „Волкот од Волстрит”. Лоу беше обвинет заедно со поранешниот малезиски премиер Најиб Резак за злоупотреба на милијарди долари.

Инаку, станува збор за Оскарот на Брандо за филмот „На доковите на Њујорк” од 1954 година. Лоу е во бегство, според некои сознанија се крие во Кина, каде што наводно го кријат локалните власти.

Треба да знаете
Последни објави