Search

Лени и Џејсон: Иако славниот глумец е во брак со неговата поранешна сопруга тие се буквално најдобри другари!

Џејсон Момоа, но и Лени Кравиц важат за едни од најпосакуваните мажи на Холивуд, а имаат една работа која ги поврзува.

Имено, Лени Кравиц беше во брак со Лиса Бонет шест години, а нивната ќерка Зои е исто така глумица. Лиса Бонет е жена која од почетокот на кариерата важеше за најголема заводничка, а во 2017 со свои 50 години повторно го докажа.

Така, еден од најпосакуваните глумци на самиот почеток на својата кариера, Џејсон Момоа стана вториот сопруг на оваа глумица. Дури 12 години е помлад од неа, но Џејсон го освои нејзиното срце и оттогаш тие се во среќен брак. Тој безброј пати во своите интервјуа истакнувал дека го остварил својот сон, со оглед на тоа дека имал постери од неа во собата и ѝ се воодушевувал.

Лени и Џејсон денес феноменално се согласуваат, заедно патуваат, концерти, а се нарекуваат и браќа. Лени му честитал роденден на Џејсон на многу убав начин.

“Среќен роденден! Горд сум што можам да те наречам брат! Една љубов! Едно семејство!”, напишал Лени.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави