Search

Ленартс: Преспанскиот договор е доказ дека ЕУ сѐ уште е мировен проект

Преспанскиот договор е доказ дека ЕУ сѐ уште е мировен проект, истакна претседателот на Европскиот суд на правдата, Коен Ленартс, кој оствари средба со главниот технички преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ.

На средбата Ленартс упати искрени честитки до владите и парламентите на Република Северна Македонија и Република Грција за надминување на 27-годишната разлика во уставното име меѓу двете земји.

Тој рече дека владеењето на правото е камен-темелник на Европската Унија и е заедничка одговорност како на земјите членки така и на идните земји членки. Потенцира дека за демократија, владеење на правото и почитување на човековите права е потребно време, но и голема волја. Ленартс исто така ги истакна потребата од подобрување на ефикасноста на судската администрација и дигитализацијата на судството како клучни актуелни прашања за европското правосудство.

Маричиќ се заблагодари на упатените честитки објаснувајќи дека Европската Унија имаше круцијална улога во враќањето на демократијата во нашата земја, во реформирањето на судството и борбата против корупцијата како приоритетна област, како и во решавањето на отворените прашања со соседите. Маричиќ посочи дека поддршката на ЕУ и залагањата на Владата го отворија патот на Северна Македонија за одлука за почеток на преговорите за членство, која ја очекуваме во јуни 2019 година, соопшти Владата.

На крајот од средбата нашата делегација упати покана до претседателот на Европскиот суд на правдата, Коен Ленартс, да ја посети земјата за поблиску да се запознае со спроведувањето на реформите и да даде дополнително охрабрување и мотивација на нашите институции и граѓани.

Треба да знаете
Последни објави