Search

Лекот Фавипивир за ковид 19 неделава ќе биде увезен во земјава

Фавира и Фавимол, моќниот антивирусен лек чие генеричко име е Фавипивир во текот на оваа недела ќе биде увезен во земјава. Ваков чекор на надлежните следи, откако овгромен број болни од корона вирусот, односно нивни блиски го набавуваа од Косово или од Босна, објави Фактор.

Цената, како што велат нашите соговорници, само за едно кутивче изнесувала од 75 до 100 евра.

-Татко ми е веќе неколку дена е позитивен на корона вирусот. Се советував со многу кои го прележале, а имале навистина тешки симптоми. Секако, разговарав и со лекари специјалисти, и сите ми посочија како знам да набавам Фавипивир. Преку мои канали, успеав да набавам Фавимол од Косово. Само едно кутивче го платив 100 евра, а треба да испие две. Пред да почнам да му го давам, повторно ќе се консултирам и со матичната лекарка и со специјалист интернист или пулмолог, па ќе видам што ќе ме советуваат. Во секој случај, лекот е дома, а за цената воопшто не се ни двоумев, колку сака нека чини, само татко ми да се излекува успешно, вели соговорникот на Фактор.

Треба да знаете
Последни објави