Search

Лекот против маларија помага да се забрза закрепнувањето на пациентите со коронавирус

Антималарискиот лек „хидроксихлорокин“ покажа ветувачки резултати во лекувањето на новиот коронавирус Ковид-19, помагајќи да се забрза закрепнувањето кај мал број пациенти со лесна форма на болеста, се вели во извештајот од студија објавен во „Њујорк тајмс“.

Во студијата објавена на интернет неделава, кинеските истражувачи откриле дека на пациентите на кои им бил даден лекот побрзо им поминале кашлицата, треската и пневмонијата отколку пациентите што не го примиле лекот.

Исто така, според малата студија објавена на серверот medRxiv, која се уште не поминала ревизија, веројатноста состојбата да стане сериозна кај пациентите третирани со „хидроксихлорокин“ била помала.

Сепак, студијата не вклучува податоци за тешко болни пациенти.

Авторите на студијата велат дека наодите се ветувачки, но дека се потребни повеќе истражувања за тоа како „хидроксихлорокин“ може да влијае во лекувањето на Ковид-19 и како најдобро да се користи.

„Студијата предизвика возбуда во лекарската заедница“, вели д-р Вилијам Шафнер, експерт за заразни болести од универзитетот „Вандербилт“, за „Тајмс“.

Но, наодите нудат силна поддршка на претходни студии кои сугерираат улога за лекот, додаде Шафнер.

„Мислам дека таа ќе ја зајакне тенденцијата кај многу лекари низ целата земја кои не можат да ги внесат своите пациенти во клинички испитувања, но веќе почнале со употреба на „хидроксихлорокин“ , вели тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп го наметна „хидроксихлорокин“ како можен лек што треба да се користи за да се спречи Ковид-19 и нагласи дека тој и  уште еден лек против маларија и автоимуи заболувања може многу да сменат.

Најновата студија, спроведена во болницата „Ренмин“ на универзитетот Вухан, во градот од каде потекнува вирусот, опфатла 62 пациенти со просечна возраст од околу 45 години и имала контролна група.

Истражувачите се погрижиле да не се вклучат пациенти со медицински проблеми што може да се влошат со „хидроксихлорокин“, проблеми со срцевиот ритам, некои очни заболувања и проблеми со црниот дроб или со бубрезите.

Половина од испитуваните пациенти – контролната група – добиле само вообичаен третман за пациенти со коронавирус, а останатите добиле „хидроксихлорокин“ плус вообичаената нега, вклучувајќи кислород, антивирусни лекови и антибиотици.

Кашлицата и треската биле олеснети еден ден порано кај оние што го примале лек – и пневмонијата се подобрила во 25 од 31 случаи, во споредба со 17 од 31 случаи во контролната група.

Болеста влегла во сериозна фаза кај четири пациенти во контролната група.

Треба да знаете
Последни објави