Search

Лекар извршил абортус на погрешна жена

Полицијата започна истрага во Јужна Кореја, откако лекар по грешка извршил абортус.На 7 август, бремена пациентка со 6-неделен фетус отишла на клиника во областа Гангсео, во главниот град Сеул. На клиниката, измешани медицински листи и пропустот да се провери идентитетот на жената, довеле до погрешен абортус.

Лекарот и медицинската сестра се под истрага, а случајот наскоро ќе биде испратен до обвинителството, изјави полицијата за Си-Ен-Ен. „Лекарот и медицинската сестра се изјаснија за виновни“, изјави полициски службеник. Сега се обвинети за небрежност што резултирала со телесно оштетување. Според јужнокорејската новинска агенција, пациентката требала да прими витаминска инекција на клиниката. Медицинската сестра место тоа и ставила анестезија, без да го провери нејзиниот идентитет, а лекарот го извршил абортусот без да направи проверки.

Јужна Кореја се обидуваше да го легализира абортусот во април година, со пресуда на Уставниот суд со која пратениците мора да ги ревидираат постојните закони до 31 декември 2020 година.

Сепак, според постоечките закони, абортусот е казнив и за него се предвидува затворска казна до една година. Исклучоци се предвидени во случаи кога родителите имаат наследни заболувања, бременоста се должи на силување или инцест, или фетусот е закана за животот на мајката. Минатата година во Јужна Кореја биле извршени околу 50,000 абортуси, според Министерството за здравство на земјата. Реалната бројка може да биде многу поголема

Треба да знаете
Последни објави