Search

Лекар го „трола“ Роналдо: Добро ќе ни дојдеш против офталмолозите!

Кристијано Роналдо беше бесен што не може да настапи на синоќешниот дуел на Јувентус во Торино против Барселона и Лео Меси. Тој е во карантин оти е позитивен на коронавирусот, а последниот тест го направи на 24 часа пред натпреварот. CR7 објави фотографија и напиша дека „се чувствува добро“, а подолу во коментар напиша дека „ПЦР тестот е сра.е“. На овој коментар на португалскиот ас реагираше италијанскиот лекар, Роберто Буриони. „Добредојде за колегата Кристијано Роналдо во нашата група на виролози. Добро ќе ни дојдешн на следниот меч против офталмолозите“ напиша Буриони. Инаку синоќа, Барселона во отсуство на Роналдо го победи Јувентус со 2-0.

Треба да знаете
Последни објави