Search

Лекарите во Вухан работат во пелени за да не одат во тоалет

Лекарите во кинескиот град Вухан, од каде изби епидемијата на коронавирусот, носат заштитни одела и по деве часа, иако прописите наложуваат оделата да не се носат подолго од четири часа за време на карантин, но тоа е зошто немаат доволно заштитни маски ни одела.

Лекарите во првата линија на борбата против вирусот се соочени со големи проблеми – мораат да лекуваат се поголем број пациенти, а се наоѓаат под голем ризик и самите да се заразат поради големиот недостиг назаштитни маски и останата заштитна опрема.

Уморени и со намален број на персонал, медицинските работници секоја недела добиваат илјадници нови пациенти во Вухан.

Многу лекари морале да прегледуваат заразени лица без заштита, а дел од истата заштитна опрема се користи повеќепати, иако морале редовно да ја менуваат.

Некои од лекарите дури работат со пелени, за да не мораат да се пресоблекуваат и така ќе можат да го носат подолго заштитното одело и маската, пренесува АФП. Еден лекар во болницата во Вухан изјавил дека најмалку 16 негови колеги добиле симптоми на коронавирусот.

„Како лекари не сакаме да работиме заразени, но моментално нема кој да не замени“ изјави еден од лекарите.

Заменик градоначалникот на Вухан изјавил дека во градот дневно недостигаат 56.000 маски и 41.000 заштитни одела. И тој потврдил дека лекарите се користат со различни методи за да избегнат често менување на заштитните одела, дека носат пелени, максимално се редуцирани количините на вода за пиење и што поретко одат во тоалет.

Треба да знаете
Последни објави