Search

Легендарниот Џомба со детална анализа: Навистина сум лут, не загубивме поради судиите

Хрватската спортска јавност „грми“ за неправдата во Келн и начинот на кој „каубоите“ беа поразени од Германија на одлучувачката пресметка за пласманот во полуфиналето на Светското првенство, но ако на овие критики се надоврза и Лино Червар кој директно го впери прстот кон данските судии за недосудениот пенал во последната минута, далеку помирен став има легендарниот Мирза Џомба.

Едно од најдобрите крила во историјата на хрватската ракометна репрезентација во текот на мундијалот направи неколку анализи како експерт за хрватски медиум, а сега во своето последно излагање го стави во втор план акцентот кој судиите, порачувајќи дека Хрватска својата шанса ја пропуштила едне ден претходно кога одигра хорор меч против Бразил.

– Ужасно ми е жал, ги имавме Германците. Знаев дека ќе биде вака, дека ќе биде густо. Верував дека момците ќе се опорават и дека ќе имаат сосема поразличен пристап, а така и беше. Се чувствувам многу подобро за разлика од чувстото по мечот со Бразил. Бев шокиран, бев лут по мечот со Бразил, сега е подобро и поубаво. Сепак и натаму сум лут, лут сум бидејќи нашите шанси за полуфинале ги загубивме против Бразил. Да го одигравме тој меч со овој пристап, никогаш немаше да не победат. Уживав во мечот со Германија, немаше некоја ракометна убавина, но тоа беше борба за живот. Лоши напади на двете страни, многу борби и фајтерски ракомет. На крајот, се беше против нас. Преполната сала, силните Германци, но и покрај тоа се држевме како и секогаш. Што се однесува до судењето, ако се земат во предвид сите околности, тоа беше повеќе од коректно. Не треба да се вадиме на судиите. Пробивањето на Карачиќ не беше пробивање, но и на нив им судеа некои работи кои не се судат во домашна сала. Не загубивме поради судиите. Шпанците ги вратија Бразилците на местото на кое заслужуваат да бидат, а ние загубивме од таков тим. Поради тоа сум лут и треба да се лутиме на самите себе, – вели Џомба.

Треба да знаете
Последни објави