Search

Легендарниот Стам посочи два клубови кои се идеални за талентираниот Де Лихт

Јап Стам е вистинска холандска легенда која остави голема трага како во репрезентацијата така и во клубовите во кои настапуваше.

Тој добро знае како е да се држи одбраната, да се игра стоперската позиција, па му додели еден совет на супер-талентираниот Матијс Де Лихт кој е пред важна одлука за тоа каде да ја продолжи кариерата.

Повеќе од јасно е дека тој ќе го напушти Ајакс, односно останува да видиме кој е клубот кој ќе дојде до неговиот потпис. Стам кој од наредната сезона ќе го води Феенорд верува дека неговиот помлад сонародник би бил одлично решение за Барселона, а како опција го спомена и премиерлигашот Ливерпул.

– Важно е тој да игра. Ако ги погледнете тимовите: Барселона, по поразот од Ливерпул сигурно сака да го засили тимот, особено одбраната ако мене ме прашувате. Прашањето е како ќе го решат тој проблем. Мислам дека Де Лихт одлично би се вклопил. Ќе биде убаво да се види како игра против подобри играчи во подобра лига, не само на неколку недели, туку секоја седмица. Истото важи за Ливерпул. Сите знаеме која е нивната дефанзивна ѕвезда-Ван Дајк, останатите играчи како Ловрен и Матип многу се ротираат. Големото прашање е дали веднаш ќе ги игра сите натпревари. Мислам дека има квалитет за тоа. Во тие големи лиги е нормално да се соочуваш со ротација особено на почетокот каде повеќе, почесто ќе стартуваш од клупа. Потоа ќе мора да се навикнеш да ова ниво и квалитетот на твоите противници. Мислам дека луѓето околу него и Матијс самиот се доволно паметни да одберат опција каде ќе добие најмногу простор за игра. Во тој случај парите нема да направат разлика, – порача Стам.

Треба да знаете
Последни објави