Search

Легендарниот квотербек Брејди аналитичар на Фокс за 375 милиони долари

Легендарниот американски квотербек Том Брејди ќе му се приклучи на Фокс Спорт како водечки аналитичар по завршување на својата блескава кариера во американскиот фудбал, објави телевизиската мрежа.

Фокс не ги обелодени условите на договорот, но весникот Њујорк Пост објави дека Брејди, кој седум пати го освојуваше популарниот Супербол, се согласил на десетгодишна соработка вредна 375 милиони долари.

Со тоа Брејди ќе стане најскапо платен спортски аналитичар во светски рамки, а воедно ќе биде и амбасадор на Фокс, кој ќе помага во спонзорски и промотивни активности.

– Воодушевени сме од одлуката на Брејди да се обврзе да биде дел од нашиот тим. Му посакуваме сè најдобро во претстојната сезона, соопшти Фокс.

Треба да знаете
Последни објави