Search

Легендарниот дизајнер на „Епл” креираше дијамантски прстен што изгледа спектакуларно

 

Џон Ајви, легендарниот дизајнер на „Епл”, креираше дијамантски прстен каков што светот не видел досега. Прстенот е целосно направен од дијамант и изгледа навистина спектакуларно, пишува „Бизнис инсајдер“. Ајви е главниот дизајнер во „Епл” одговорен за материјалите и изгледот на iPhone, MacBook и iPad, но сака да дизајнира и други работи.

Неговото последно дело е овој дијамантски прстен што го направи со помош на својот пријател, познатиот дизајнер Марк Њусон. Прстенот беше совршено изделкан, а дизајнерите имаа цел да го „извадат вишокот материјал наместо да го додаваат”. Поради ова, нивниот прстен се состои од еден дел и е направен од еден материјал.

Имено, прстенот ќе биде понуден на продажба од страна на аукциската куќа „Сотби“ и се проценува дека ќе чини 230 000 евра. Сета заработка ќе оди во хуманитарни цели.

Треба да знаете
Последни објави