Search

Легендарниот актер ја „гази“ 80-та година: „Тешко е да бидете во врска со постар човек, па макар тој да е и Ал Пачино

Актерот Ал Пачино ја „гази“ 80-та година и е на прагот од деветтата деценија од животот, а сега бил „уловен“ во текот на негова прошетка.

Актерот бил фотографиран во опуштена комбинација на улица во Беверли Хилс.

Ал Пачино е помалку препознатлив во вакво издание – црна маица, тегет панталони и црн дуксер, а облекол и црни патики, додека во рацете носел мобилен телефон и пренослив полнач.

Тоа што било најзабележително е фактот што Ал Пачино има седа коса, но иако има 80 години тој се труди да биде активен во филмската индустрија и настаните поврзани со истата.

Да ве потсетиме, поранешната девојка на Ал Пачино – Мејтал Дохан била помлада од него речиси четири децении, а поради генерациската разлика, нивната врска била осудена на пропаст.

Во романса биле речиси две години:

„Тешко е да бидете во врска со постар човек, па макар тој да бил и Ал Пачино“, изјавила актерката за израелски „La Isha“.

„Разликата во годините е преголема. Се трудев да го занемарам тоа, но да бидам искрена, тој сега е еден старец. И покрај цела љубов, тоа не опстана“, додала таа.

Преземено од Точка

 

Треба да знаете
Последни објави