Search

Легендарната актерка го прослави 79. роденден, никој не ја препозна во опуштено издание

Фај Данвеј (79) е најпозната по улогата во Бони и Клајд, а кога беше фотографирана во опуштено издание без шминка, популарната актерка никој не ја препозна.

Актерската дива која го прослави 79. роденден, беше фатена како шета во тренирка со качкет на главата.

Кариерата ја започна кон крајот на 60-тите години, а улогата на Бони Паркер го обележа нејзиниот живот.

Данавеј е исто така една од четирите актерки што во текот на својата кариера добиле награди за најдобра и најлоша актерка. Таа доби „Оскар“ за улогата во филмот „Нетворк“ и заработи „Златна малинка“ за „Mommie Dearest“. Освен на Феј, тоа им успеа само на Сандра Булок, Лајза Минели и  Хали Бери.

Треба да знаете
Последни објави