Search

Леви: Не бегам, надвор од памет е да оставам толку фамилии на улица

Горан Ѓошевски Леви, кој е осуден на 15години затвор за „27 Април“ во своето обраќање пред судот за предлогот притвор, рече дека сам се пријавил во судот кога се повела постапката за процесот. Неговите гаранции се дека два пати бил пуштан на домашен притвор и со ништо не ја нарушил мерката.

-Кога понудив гаранција, кривичниот совет ја прифати гаранцијата и покрај противењето на обвинителството дека имам “високо запретена казна”. Кривичниот совет ја прифати, а апелацискиот суд утврди дека 433.000 евра имот е доволна  гаранција дека нема да се дадам во бегство. Тие гаранции се дадени од пријатели и роднини. Надвор од памет би било да оставам толку фамилии на улуца и покрај изречената пресуда. Пресудата ќе ја обжалиме, но тврдам дека нема ниту еден доказ сум се обидел или сум имал намера да аго избегнам судењето или кривичната одговорност. Со само тоа што од пред четири дена пред мојата куќа има 24 часовно полициско обезбедување и можам да ве замолам да го имате предвид фактот оти во изминатиот период дека и вие како судија не запознавте и самите имате слика дали некој од нас би избегал, рече Леви.

Адвокатот на обвинетиот Оливер Поповски за мерката притвор рече дека е дискутабилно дали е оправдано барањето за притвор.
-Предлогот е даден генерално за сите, без притоа да се наведе кои се околностите кои се промениле за секој поединечно. Судот знае дека спрема обвинетите има и други мерки на претпазливост. Дали тие мерки мојот клиент ги почитувал, судот можел да утврди. Ќе се сложите дека сите обвинети ниту се исти по карактер ниту имат ист степен на кривична одговорност. Имајќи го фактот да застапникот на обвинението не даде образложени причини поради кои треба да се определи притвор на Оливер Поповскини да не го профати. Сакам судот да ја следи праксата на европскиот суд за човекови права каде каде вака определени притвори за група обвинети паѓаат во вода, рече адвокатот.
Поповски речедека нити мислел ниту мисли на бегство.
-Тоа не е во мојата прирада, се би сторил за моето семејство, а не да ги навредам со некое бегство или слично,рече Поповски.
Даниела Вељановска
Фото: Слободан Ѓуриќ
Треба да знаете
Последни објави