Search

Левица: Со новиот закон се зголемува работното време на наставниците додека нивните плати стагнираат

Примањата на просветните работници во Македонија и по доаѓањето на НАТО-ориентираната влада сѐ уште се меѓу најниските во Европа, вклучувајќи ги и земјите од регионот. Дека политичките елити во Македонија системски работат за обезвреднување на трудот на просветните работници потврдува тоа што платите кои ги земаат работниците од овој сектор се помали за речиси 19% од платата на национално ниво.  Додека се зголемуваат привилегиите и примањата кои ги уживаат пратениците и министрите, работниците од образовниот сектор се заглавени во бирократски решенија на неспособните власти, неисплаќање на годишен регрес и недостоинствени плати.

Усвојувањето на новиот Закон за основно образование покажа дека и оваа владејачка гарнитура нема никаква волја за промени во образовниот сектор, со оглед на тоа што скандалозно се зголеми работното време на наставниците за 3,5 часови и беа воведени глоби поголеми и од примањата на работниците. Досегашната пракса покажува дека воведувањето на ваквите казни најмногу служи за дисциплинирање на поединците кои не се послушни на партиските елити, отколку за подобрување на квалитетот на образовниот сектор.

Иако СДСМ во предизборната кампања најавуваа укинување на глобите и казните кои служат за заплашување, сведоци сме дека се иницираат дисциплински постапки против инспектори кои пријавуваат нерегуралности за актуелниот министер за образование Адеми. Министерот Адеми нема никаков легитимитет да ги преставува интересите на работниците од образовната дејност после откриениот скандал за незаконско стекнување со научни титули и кој сѐ уште нема поднесено оставка единствено поради корумпираното, недемократско и криминално работење на оваа Влада.

Просветните работници како носители на образовната, политичката и културната еманципација со својата благородна дејност ја градат иднината на една држава, создавајќи генерации кои треба заеднички да придонесат за развивање на еднакво општество ослободено од неправдите и суровата експлоатација. Потребно е солидарно да се поддржат  просветните работници кои се охрабриле гласно да проговорат против слугувањата на синдикатите кон секоја влада, а воедно и нивно организирање во независни синдикати кои нема да бидат уште еден инструмент во рацете на политичките елити.

Треба да знаете
Последни објави