Search

Левица поднесе тужба против Џабир Дерала

Партијата Левица со соопштение за тужбата која ја поднеле против Џабир Дерала.

„Свесни сме дека медиумската слобода во држава каде постои социјална беда и класна раслоеност во комбинација со корумпирана и криминална владејачка елита, единствено се исполнува во слобода да се поткупи медиум, слобода да се поткупи автор, слобода да се купи мислењето на јавноста и истото да се обликува во корист на владејачката класа.
Оттука, жал ни е што Цивил Медиа е во заложништво на човек како Џабир Дерала. Дерала, надвор од било каква медиумска етичност и одговорност, злоупотребувајќи го медиумскиот простор и финансиските капацитети на Цивил Медиа, тој ги користи за правење постојана црна кампања и ширење на лажни вести против Левица и нејзиното членство.

Впрочем, Дерала не е ниту комерцијален новинар, туку тој е НГО-аш и апологет на Власта. ПР-машинеријата на владејачката партија Дерала го користи како обичен инструмент во рацете на својата пропагандна машинерија, па како компензација за ваквите негови услуги, дури и му обезбедува бранител (адвокат) кој во исто време е и бранител на премиерот Заев. Во оваа прилика, јавно ги повикуваме ЗНМ да го оцени случајот, а Цивил Медиа и Уредувачкиот колегиум да се огради и заштити од тенденциите за оцрнување, злонамера и лажното клеветење во написите на нивниот главен уредник Дерала.“

Треба да знаете
Последни објави