Search

Левица не сака да им се оддаде почит на борците против фашизмот, граѓаните им завртеа грб

Активисти на политичката партија Левица на Денот на народното востание и борбата против антифашизмот го окупираа меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“ во Прилеп.

Десетина партиски активисти на оваа партија застанаа пред споменикот и го попречуваа патот на државните делегации кои пристигнаа во Могила да положат цвеќе и оддадат почит на народните херои по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

Делегациите предводени од премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски како и од Собранието, Армијата, Сојузот на борци и други беа принудени да ги заобиколуваат за да пристигнат до местото за положување свежо цвеќе.

На овој начин активистите на Левица покажаа непочитување не само кон институциите на државата, туку и кон хероите кои загинале за создавањето на државата во време на Народно ослободителната војна. Воедно, да се злоупотребува празник и да се окупира антифашистичко обележје за партиски цели, патем со цигара в рака, напротив не е чин кој би довел до повеќе гласови на контото на Левица. По се изгледа партијата која навидум се декларира за левичарска, се почесто одбегнува од курсот, па не се обиде да спречи да им се оддаде почит на партизаните, што во заблуда ги доведува и сопствените глааачи. Присутните пак, не дозволија да бидат дел од театарот на партиските активисти.

Треба да знаете
Последни објави