Search

Леванте со Барди во тимот го притисна Реал, ама не го избегна поразот

Леванте, тимот на македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, е поразен на гостувањето во Мадрид, кај гигантот Реал со 3-2 во натпреварот од шпанската Примера. Македонскит репрезентаивец на овој меч доби шанса од клупата во 56. минута при резултат 3-1. Со Барди во тимот Леванте заигра поофанзивно и успеа да го намали резултатот во 76. минута преку Малеро.

Реал го издржа притисокот и на крајот дојде до очекуваната победа на домашен терен.

Францускиот напаѓач Карим Бензема со два гола беше лидерот во тимот на Реал Мадрид. Во последните две сезони, Бензема најдобро од сите го користи заминувањето на Кристијано Роналдо. Минатата  сезона беше најдобар стрелец во екипата на Реал Мадрид и втор во Примера. Оваа сезона Бензема веќе има постигнато четири гола и се наоѓа на челната позиција на листата со најдобри стрелеци.

Треба да знаете
Последни објави