Search

Левандовски стана третиот играч со постигнати 20 голови и повеќе во најдобрите 5 лиги во Европа

Напаѓачот на Баерн Минехн, Роберт Левандовски во гостинската победа (4:0) на неговиот тим против Херта во рамките од 18. коло во Бундеслигата постигна гол. Во 73. минута, 31-годишниот полски интеранционалец реализира пенал. Овој гол беше 20. во германскиот шампионат за полскиот фудбалер, кој му овозможи да се израмни со напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, на листата со најдобри стрелци.

Левандовски стана третиот играч во најдобрите 5 лиги во Европа кој постигна 20 или повеќе голови – покрај него и Вернер, такво достигнување досега има и напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле – вкупно 23.

Треба да знаете
Последни објави