Search

Левандовски сака да оди во Реал

Шпанскиот весник „АС“ на денешната насловна објави дека Роберт Левандовски сака да дојде во Реал Мадрид и дека ќе направи сè да го напушти Баерн Минхен.

Полјакот следното лето влегува во последната година од договорот со „кралевите“ (30 јуни 2022) како што тврдат Шпанците, нема намера да го продолжи договорот. Баерн би сакал да го задржи, но нема да претеруваат со понудата на нов договор.

– Левандовски ќе побара трансфер од Баварците. Тој верува дека направил сè со Баерн и бара нови предизвици. Реал е неговиот најголем сон и следното лето тоа би можел да го оствари.Реал е приоритет на Килијан Мбапе следното лето, но тој нема да влијае на позицијата на Левандовски во тимот. Реал го сака Ерлинг Халанд, но за него ќе биде многу тешко бидејќи Норвежанецот го сакаат и други големи клубови, а Реал не е негов приоритет. Левандовски сака по секоја цена да дојде во Реал, дури и да заработува помалку отколку во Минхен. Сака да ја освои „Златната топка и мисли дека тоа ќе му биде полесно во дресот на Реал.Левандовски моментно заработува нешто помалку од 20 милиони евра по сезона во Баерн, а во Реал веројатно би добил значително помалку. Но, Полјакот верува дека тој исто така ќе остави голема трага во Мадрид.Тој беше многу блиску до Реал во 2014 година, но заврши во Баерн. Контактите останаа, а неговиот менаџер Пини Захави веќе го донесе Давид Алаба од Баерн во Реал и тој е голем адут на Полјакот во овој евентуален бизнис, пишува „АС“.

Наместо Реал, Левандовски дојде во Баерн од Борусија летото 2014 година како слободен играч. На 339 натпревари постигна неверојатни 307 голови за Баерн, освојувајќи седум титули во Бундеслигата и една во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави