Search

Левандовски: Покажавме дека сме најдобриот тим

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски изјави дека тој и неговите соиграчи покажале подобра игра и логично го освоиле Купот на Германија.

Баварците го совладаа Баер Леверкузен со 4:2 и го освоија 20-тиот германски куп во својата историја, а на 16 јуни ја освоија својата осма последователна титула во Бундеслигата.

– Покажавме дека сме најдобриот тим и дефинитивно сакаме да го освоиме пехарот. Драго ми е што како тим игравме добро. Во првото полувреме имавме многу добра транзиција од одбрана во напад. На мојот прв гол првата мисла беше: „Само обиди се!” При вториот гол, Иван Перишиќ ми даде одличен пас и видов дека голманот е малку излезен и јас го совладав, рече Левандовски по натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави