Search

Левандовски не прифаќа продолжување на договорот со Баерн

Полскиот фудбалски репрезентативец Роберт Левандовски, кој од 2014 година го носи дресот на минхенски Баерн, одбива да го продолжи договорот кој му истекува во јуни идната година, јавија денеска германските медиуми.

– Машината за голови Роберт Левандовски ќе го напушти клубот најдоцна идното лето, објави на својата насловна страница весникот „Спорт Билд”

И „Спорт 1″, повикувајќи се на свои извори, ја потврди оваа информација.

Раководството на Баерн досега секогаш повторуваше дека не сака да се раздели со 33-годишниот Левандовски, кој за баварскиот клуб постигна фантастични 343 голови, но како што наведуваат медиумите, доколку клубот не го продаде ова лето тоа ќе значи дека полскиот голгетер идното лето ќе може да замине без обесштетување.

Според европските медиуми, Левандовски од неодамна е во контакт со тренерот на Барселона, Чави.

Треба да знаете
Последни објави