Search

Левандовски во Катар ќе носи капитенска лента во боите на украинското знаме

Капитенот на полската фудбалска репрезентација Роберт Левандовски на претстојното Светско првенство во Катар на раката ќе носи капитенска лента во националните бои на Украина, која му ја подари прославениот украински фудбалер и поранешен селектор Андриј Шевченко.

Левандовски и Шевченко остварија средба на Националниот стадион во Варшава каде поранешниот напаѓач на киевски Динамо, Милан и Челзи му ја предаде жолто – сината капитенска лента на голгетерот на Барселона.

-Ќе ги носам украинските бои на Светското првенство во Катар. Ќе ја носам лентата од Шевченко како потсетник дека украинскиот народ не е осамен и дека со нив сме во мислите, изјави Левандовски при средбата со Шевченко.

Треба да знаете
Последни објави