Search

Леброн стана седмиот играч во НБА-лигата што играл 50 натпревари од финалето

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс уште еднаш го запиша своето име во историјата на НБА лигата.

Неговиот тим рано утово го победи Мајами (116:98), а тој стана 7-ми играч во историјата на лигата што одиграл 50 натпревари во последната серија.

Во случај пресметката со Мајами да трае максимални седум меча, тогаш Џејмс ќе биде изедначен во овој индикатор со Карим Абдул-Џабар кој има 56 натпревари во финалето и се наоѓа на третото место.

Лидер е Бил Расел со 70 финални средби.

Леброн Џејмс се искачи на 5.место по погодени слободни фрлања, на второ по реализирани тројки и на четврто по број на „дабл-дабл”.

Треба да знаете
Последни објави