Search

Леброн се искачи на петтото место на вечната листа НБА поентери

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, Леброн Џејмс изби на петтото место на вечната листа поентери, откако рано утрово во победата на ЛА Лејкерс над Портланд (126:117) постигна 44 поени.

 

На Џејмс му недостасуваше само една асистенција да запише трипл-дабл. Тој средбата ја заврши со 10 скока и девет асистенции.

Ѕвездата на Лејкерси со 44-те поени против Портланд, стигна до вкупно 31.425 поени во неговата кариера.

На вечната листа поентери пред Леброн се:

1. Карим Абдул Џабар 38.387
2. Карл Мелоун 36.928
3. Коби Брајант 33.643
4. Мајкл Џордан 32.292. 

Треба да знаете
Последни објави