Search

Леброн се врати на тренинзите

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс закрепна по повредата и повторно е на теренот. Џејмс повеќе од еден месец беше отсутен, откако на 25 декември се здоби со повреда на препоните.

Според „ЕСПН” Леброн е целосно закрепнат, но за да се врати на натпреварите ќе му биде потребно некое време со цел враќање во форма.

Без Џејмс во составот Лејкерси во НБА-лигата загубија 10 од 15 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави