Search

Леброн: Пласманот во финалето нема да значи ако не стигнеме до трофејот

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс изјави дека стигнувањето до финалето во НБА нема да значи ништо доколку тимот не ја освои шампионската титула.

  • Пласманот во последната серија нема да значи ништо, доколку не го освоиме трофејот. Нашата цел е јасна. Морам да го завршам случајот. Затоа дојдов во Лејкерс. Ги слушнав сите озборувања за мене и за тоа зошто решив да се преселам во Лејкерс. Но, тоа не ме спречи на патот кон целта, изјави Леброн за „ЕSPN.com”.

Лејкерс во финалето ќе играат со поуспешниот од серијата Бостон – Мајами (2-3 моментален резултат).

Треба да знаете
Последни објави