Search

Леброн ги „крена“ Лејкерси до неверојатна победа над Спарси, во финишот спречи општа тепачка

Леброн Џејмс ги предводеше Лос Анџелес лејкерс до втора победа во низа над Сан Антонио спарс, овојпат со неверојатни 143:138 во меч во кој очигледно не се мислеше многу на одбраната.

Џејмс, кој претходно паузираше пет меча поради повреда, го заврши мечот со 39 поени и 11 скокови, а имаше помош и во Денис Шредер, кој уфрли 21 поен, а одличен беше и Вокер со 19 поени, од кои 13 во послената четвртина. Кај Спарси, Кедон Џонсон постигна 26 поени и имаше 10 скок, а Тре Џонс заврши со 23 поени.

Финишот на мечот го одбележа бруталниот фаул на Зек Колинс над Расел Вестбрук, по кој кошаркарот на Лејкерси остaнa со крваво чело, и мораше да биде спречуван од Џејмс за да не се случи поголем инцидент. Колинс доби исклучување за фаулот, додека Вестбрук заврши со техничка грешка за својата реакција.

 

Во другите мечеви, Торонто со 105:100 во интересен финиш го совлада Далас маверикс, додека Хјустон со 118:105 ги победи Оклахома Сити тандер.

НБА РЕЗУЛТАТИ
Торонто – Далас 105:100
Хјустон – Оклахома сити 118:105
Сан Антонио – ЛА лејкерс 138:143
Финикс – Јута 113:112

Треба да знаете
Последни објави