Search

Леброн би побарал трејд ако Лејкерс не се засилат ова лето

Катастрофалната сезона за Лос Анџелес лејкерс и неуспехот да се пласираат во НБА-плејофот значи дека славниот клуб наскоро може да остане без Леброн Џејмс, тврдат американските медиуми.

Првата сезона на „Кралот“ во Лејкерс заврши без пласман во плејофот, што беше првпат од 2004/05, Џејмс да не биде меѓу најдобрите во лигата, а атмосферата во соблекувалната според повеќе извори е „токсична“ по обидот да управата да трејдуваат повеќе кошаркари за Ентони Дејвис од Њу Орлеанс.

Леброн наводно не е задоволен од отпуштањето на Лук Волтон како тренер на тимот и заминувањето на Меџик Џонсон од претседателското место и затоа ѕвездата побарала засилувања за да остане во клубот.

Кевин Дурент, Кавај Ленард, Кајри Ирвинг, Џими Батлер и Бредли Бил се дел од кошаркарите кои се слободни агенти ова лето, така што според „Лос Анџелес тајмс“, сега се чекаат следните чекори на управата.

Треба да знаете
Последни објави