Search

ЛДП му се заблагодари на Милевски, ќе бира нов лидер, Пенов доби поддршка за министер

ЛДП се заблагодарува на успешната работа на Милевски и го предложува Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница го прифати предлогот на Извршниот одбор за започнување со подготовки за одржување на редовното Собрание на партијата.

Како што додаваат од ЛДП, исто така била разгледана и оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, а бил прифатен и предлогот Ристо Пенов да биде избран и именуван за иден министер на оваа позиција во Владата.

– Централниот одбор се заблагодари на досегашниот негов ангажман, на успешното менаџирање со министерството и на придонесот за регионалниот развој на државата, велат од ЛДП.

Како што додаваат од партијата согласно Статутот на ЛДП се формира организационен одбор во чиј состав се изгласани Боби Мојсоски, Димитар Ванчов, Билјана Аврамоска – Ѓореска, Дејанчо Цветановски, Валентин Груевски и Ивица Тодоровски.

– До Конгресот ќе се одржат уште две седници на ЦО со цел подготовка на истиот, а на следниот состанок на ЦО кој се очекува да се одржи следната недела ќе бидат разгледани и предлог датуми за одржување на Конгресот, додаваат од ЛДП.

Треба да знаете
Последни објави