Search

ЛДК и ВВ побараа вонредна седница на косовското Собрание по неуспехот на визната либерализација

Пратеничките групи на двете најголеми опозициски партии во косовското Собрание, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ), го поднесоа барањето за вонредна собраниска седница поради „неуспесите на владејачката коалиција кои кулминираа со неисполнување на ветувањето за укинувањето на визите”, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на двете партии се вели дека овие неуспеси предизвикаа „недостаток на доверба кај граѓаните во државните институции и ја разнишаа довербата на меѓународните партнери во Република Косово”.

Оваа ситуација не може да продолжи понатаму. Граѓаните на Косово имаат потреба од нормалност и јасна перспектива. Создадената напнатост во текот на целиот овој владејачки мандат ја оневозможи субстанцијаланата дебата во косовското општество за подобро образование и здравство, за поефикасни јавни служби, за вработувања и за економски развој, се вели во соопштението.

ЛДК и ВВ бараат вонредната седница на Собранието во врска со овие прашања да се свика за денеска во 16:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави